Индија ја преполови стапката на сиромаштија во последните три децении

135

Индија оствари годишен раст поголем од седум проценти во текот на изминатите 15 години на годишно ниво и продолжува да извлекува од сиромаштија милиони луѓе, соопшти Светската банка.

Втората најнаселена земја во светот ја преполови стапката на сиромаштија во последните три децении и постигна силни подобрувања во повеќето развојни насоки, откри извештајот на таа меѓународна финансиска организација.

Се очекува дека тој раст ќе продолжи и целосното елиминирање на екстремната сиромаштија веќе е на дофат во следната деценија, наведува СБ, истовремено предупредувајќи дека патот на развој на таа земја гледа значителни предизвици, пренесува RT.

Според банката, Индија ќе мора да ја зголеми ефикасноста како би го одржала растот, со оглед на расположивите ресурси и големиот број на население. Земјата ќе мора да се користи попродуктивно во урбаните области преку просторна трансформација на градовите, додека во руралните области мора да се зголеми земјоделската продуктивност.

Управувањето со водните ресурси мора да се фокусира на прераспределување кон употреба на вода за поефикасни цели, како и зголемување на вредноста на водата во специфични сектори.

Светската банка посочува дека во Индија 230 милиони луѓе не се соодветно поврзани со електричната мрежа.

На брзорастечката индиска економија потребна и е инвестиција во инфраструктура, во вредност проценета на 8,8 БДП-а, односно 343 милијарди долари до 2030 година, соопшти Светската банка.