Индија заплени 725 милиони долари од „Шаоми“: Компанијата ги прекршила државните девизни закони

83

Индиските власти денеска заплениле 725 милиони долари од кинескиот производител на паметни телефони „Шаоми“ под обвинение за кршење на државните девизни закони со нелегални дознаки во странство, соопштија официјални лица.

Индиската агенција за финансиски истраги на Твитер објави дека запленила пари од локалната филијала „Шаоми“.

Овој потег уследи откако федералната агенција започна истрага за нелегални дознаки во февруари, пишува АП, цитирајќи локални медиуми.

Агенцијата наведува дека „Шаоми“ префрлил 725 милиони долари на „три субјекти во странство“ под изговор дека платил за користење на патенти.

Претходно овој месец, агенцијата го испраша глобалниот потпретседател на „Шаоми“, во регионалната канцеларија на компанијата во Бенгалуру.

Компанијата рече дека ги почитува локалните закони и додаде дека нејзините најави за плаќање за користење на патенти се „легални и вистинити“.