Нејт Бјоркрин, кој како асистент беше клучен дел од стручниот штаб на Торонто кога ја освоија титулата во 2019 година, доби отказ по револтот на играчите во тимот на Индијана, по само една година.

Во завршниот дел од регуларната сезона во НБА, се дозна дека играчите на Пејсерси многу му замеруваат на својот тренер, од режимот на тренинзи до односите, а особено слабата комуникација помеѓу играчите и стручниот штаб.

Американските медиуми пишуваат дека до неодамна тренерот на Портланд, Тери Стотс, е главен кандидат за клупата на Индијана.