Пред да дојде во Србија и да стане позната пејачка, Индира Радиќ живела во Загреб, каде што работела како медицинска сестра во болница. Популарната  фолкерка е родена во Добој, Босна и Херцеговина, каде што го завршила средно училиште. Нејзината желба била да стане пејачка, но немала поддршка од нејзините родители, па морала да се едуцира за некое „сериозно“ занимање.

„Најмногу заради мајка ми, која не сакаше да станам пејачка, се запишав во медицинско училиште. И далечината беше проблем за мене. Најблиското музичко училиште беше во Бања Лука, но тој град е оддалечен речиси шеесет километри од  родниот Драгаловац. Од друга страна беше Добој, кој е речиси половина поблизу, но  имаше само медицинско училиште. Одбрав да патувам секој ден, но да спијам дома. Имам убави спомени за работата во болницата во Загреб, вели за РТВБН. Колегите многу ме сакаа заради мојата непосредност. Но, не ја занемарував и музиката, постојано им пеев и на пациентите и на колегите. Останав во контакт со некои од нив и до денес.

Но, бидејќи нејзината најголема љубов било пеењето, решила да замине во Белград, а медицината да остане дел од минатото.

– Добро го запознав Белград дури по долг престој во него. Денес, Белград и Србија се моја татковина. Бидејќи сум патник, уметник, секогаш чекам кога ќе слетам во моето пристаниште во Белград, каде што ме чекаат моите најблиски. Тука сум најмирна. На почетокот беше многу тешко! Дојдов од мало место, зборував на дијалект, не знаев никого. Ми требаа цели три години да се навикнам и да започнам со музичка кариера.