Индира Левак на чекор до остварување на нејзината желба

399

Пејачката Индира Левак постигна голем успех кога е во прашање нејзината музичка кариера, но една од нејзините најголеми желби, како што истакнува и самата, остана неисполнета. Пејачката не се реализирала како мајка, а бидејќи има 47 години, свесна е дека шансите ова да се случи природно се многу мали. Затоа таа реши да посвои дете.

– Повеќе од сè сакав да бидам мајка, но не можеме да одиме против она што го пишува Бог. Долго време размислував за посвојување дете и мислам дека е нешто прекрасно. Многу деца немаат семејство и покрив над главата, па би сакала коцките да се соберат и таа желба да се исполни наскоро – рече Индира.

Левакова, наводно, веќе започнала да се распрашува за сите детали за постапката на посвојување, како и за тоа дали би била соодветна да биде посвоителка.