Индиец платил 3.500 евра за златна маска, не го штити од ништо, ама му донесе слава/ВИДЕО

110

Индиец платил речиси 3.500 евра за златна маска, поради која неговите фотографии станаа хит на социјалните мрежи.

“Златната маска тежи 60 грама и беа потребни осум дена за нејзина изработка”, рекол бизнисменот Шанкар Курхаде од градот Пуна. Вели и дека маската има мали пори кои му помагаат да диши.

“Не сум сигурен колку ќе биде ефикасна во заштита против коронавирусот, но преземам и други мерки за заштита, додал тој.

Овој 49-годишен бизнисмен е голем фан на златото, што може да се види и по неговите фотографии достапни на интернет. Освен златни прстени, алки и ѓердани, сега има и златна маска.

Открил дека луѓето на улица сега го сопираат и го молат за селфи.

До идејата дошол кога видел вест за маж кој кој направил маска од сребро.

Во Индија, каде бројот на заразени се ближи до 700.000, маските се задолжителни на јавни места.