Импресивно: Италијански древен град кој од птичја перспектива личи на човек/ФОТО

81

Се работи за Чентурипе, антички град кој се наоѓа во италијанската провинција Ена во источна Сицилија.

За прв пат се споменува во историските списи како град на племето Сикули во 5 век п.н.е. Низ историјата, се соочуваше со интензивни инвазии и освојувања, беше усвоено од античките Грци и Римјани, Арапи, Нормани и Анжуанци.

Чентурипe се наоѓа помеѓу реките Дитаино и Симето на ридски терен, на надморска височина од околу 730 метри.

Експертите велат дека нерамниот терен е главниот „виновник“ за неговата необична форма, која ќе ја забележите дури кога ќе го погледнете од птичја перспектива.

Имено, веќе извесно време на социјалните мрежи се споделуваат воздушни фотографии од овој италијански град на кои се гледа како од центарот на градот се шират пет различни гранки. Затоа некои ги потсетува на морска ѕвезда, а други на монументален човек со раширени раце и нозе.

Ако се најдете во овој сицилијански бисер, задолжително истражете ги неговите посебни карактеристики – од остатоците од утврдените sидови што го опкружуваат градот, преку неколку стари цркви, до Археолошкиот музеј, кој ги чува тајните на оваа област.

Од Чентурипе можете да уживате и во погледот на највисокиот вулкан во Европа, планината Етна, кој се издига на височина од околу 3.354 метри, пишува Б92.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Visit Centuripe (@visitcenturipe)