Имотот на Џорџ Вашингтон е продаден за 50 милиони долари

110

Дел од оригиналниот имот на Џорџ Вашингтон во Маунт Вернон беше продаден за 50 милиони долари, што е највисока сума платена за имот во Вирџинија, Мериленд и Вашингтон.

Имотот од 66 хектари во Александрија, Вирџинија, на околу 100 метри од реката Потомак, со пристан и главна куќа од 1.500 квадратни метри што гледа на реката од речиси секоја соба е познат како Ривер Вју Естат.

Маунт Вернон е само дел од имотот што Џорџ Вашингтон го купил во 1760 година. Американското хортикултурно друштво сè уште поседува дел од оригиналниот имот, кој оттогаш е претворен во музеј.

Имотот бил во сопственост на семејството до 1859 година и оттогаш се менувал само четири пати.