Еден дел од италијанските медиуми ја пласираа и информацијата дека актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Ливерпул, ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура и услугите на најдобриот фудбалер од редовите на римскиот калчолигаш Лацио, Чиро Имобиле.
Иако станува збор за 30-годишен напаѓач, Имобиле е вистински кошмар за сите дефанзивци и е најзаслужен што Лацио има само еден бод помалку од лидерот во италијанската Серија А, тимот на Јувентус.