Има 83 години, ама и посебна причина зошто не ја потстрижала ниту измила косата од 19

548

Нгујен Ти Дин, 83-годишна жена од витнамската провинција Бен Тре, наводно престанала да ја потстрижува косата кога имала 19 години, што ја објаснува нејзината шест метри долга коса.

Само една седмица откако веста за 95-годишниот Индиец со 7,3 метри долга коса стана вирална, вниманието го привлече приказната за жена од Виетнам која вели дека не ја потстрижувала ниту миела косата 64 години.

Жената вели дека кога ја потстрижувала косата на 19 години доживеала силни главоболки поради кои родителите ја однеле на лекар, ама симптомите останале и по припишаната терапија. Таа тврди дека главоболките престанале кога косата и пораснала па оттогаш не се потстрижувала.

„Тогаш престанав да ја потстрижувам косата и како што растеше, така мојата болест постепено слабееше. За чудо, кога ја измив косата, главата повторно почна да ме боли. Тогаш престанав целосно да ја мијам косата и не дозволував вода да ми ја допред главата, изјавила таа за Тинмои.вн.

Како што и растела ксоата, било се потешко да се движи со неа па направила густа суканица која сега е подолга од шест метри и изгледа како питон. Иако косата е генерално бела, поголемиот дел од нејзината „змија“ е уште сив.

Во 1990 година, Дин побарала дозвола да се пресели во будистичкиот храм Хуе Пуок, каде што живее до ден денес. Станала вегетаријанка и на крајот ги исфрлила сите оброци освен еден дневно. Започнала да рецитира будистички мантри и присвоила скромен начин на живот. Сето тоа наводно и помогнало да го одржи своето здравје, и физичко и ментално, дури и на 83 години.

Извор:www.guardian.ng