Првиот избор на овогодинешниот драфт, Зион Вилијамсон (19) дури во октомври официјално ќе дебитира во најсилното кошаркарско натпреварување – НБА лигата. Тој го откажа својот настап за репрезентацијата на САД која на Миндобаскетот во Кина ќе ја брани титулата. Но, затоа овие денови е актуелен по својот богат повеќегодишен спонзорски договор.

Младата ѕвезда на Њу Орлеанс за седум години верност кон брендот „Џордан“ ќе заработи високи 75 милиони долари.

  • Се чувствувам благодарно што станав член на фалилијата „Џордан“. Уште како дете сонував за НБА лигата и влијанието во играта која ја имаше Мајкл Џордан. Тој беше еден од оние посебни спортисти на кои им се восхитував и неможам да доловам колку сум среќен во моментов, изјави Вилијамсон.

„Џордан“ е бренд во сопственост на „Најк“, а меѓу кошаркарските ѕвезди кои ја носат неговата опрема се Расел Вестбрук, Џими Батлер, Крис Пол, Блејк Грифин и од неодамна Џејсон Татум.

Вилијамсон, физички гледано, е навистина импресивен и несекојдневен човечки примерок со 201 самтиметар висина и речиси 130 килограми тежина. Тој на Летната лига се појави со очигледен вишик на килограми и затоа го откажа настапот за селекцијата на САД, се со цел што поробро да се подготви за новата сезона во НБА лигата.