Џулија ја викаат Ураган, а кога ќе видите како трча ќе ви стане јасно зашто фо има овој прекар. Џулија Ураган Хокинс пред неколку години постави светски рекорд на Државните сениорски игри во Њу Мексико со 102 години.

Во брилјантна трка во фото – финиш , Џулија беше прва и го урна светскиот рекор во својата категорија. Исриот ден падна уште еден рекорд, а исто така го урна човек со троцифрен број на години. Госпоѓа Хокинс делницата од 60 метри ја истрча за само 24,79 секунди, што е светски рекорд за атлетичарки постари од 100 години.

Орви Роџерс беше најдобар во машка категорија, се работи за 100 – годишен атлетичар кој во прашина ги остави своите ривали, далеку зад себе. На Роџерс за делницата од 60 метри му беа потребни помалку од 20 секунди.