Шесгодишниот Иранец, Арат Хусеини, благодарение на својата неверојатна физичка способност стана голема звезда на социјалната мрежа „Инстаграм“ Тој иако има само шест години, има и повеќе од четри милиони следбеници на оваа социјална мрежа. Тој секојдневно ги воодушевува своите фанови со неверојатните фудбалски потези и физичките предиспозиции.

Иранското чудо од дете е одличен фудбалер и стручњак за гимнастика. Верувале или не, неговиот татко Мухамед почнал да го тренира уште пред да прооди, поточно од девет месеци и тоа гимнастика, додкеа од својата втора година почнал да се попјавува на разни настани. Меѓутоа тоа било само почеток. Кога пред неколку години на социјалните мрежи појави едно видео на кое изведува тешки вежби, стана и звезда на друштвените мрежи.

Арат подоцна го откри ифудбалот и најверојатно е најталентираното дете на шест години.  На неговите фудбалски вештини му завидуваат и бројни фудбалски асови, меѓу кој и негвоиот идол Лионел Меси.

Она што најмногу ги интригира неговите обожаватели е неговото извајано тело. Како што константно тренира од една година, се наоѓа во перфектна форма. Неговите стомачни мускули се исцртани.

Арат моментно е во Англија, каде што тренира во клупската акдемија на Ливерпул и сонува дека еден ден ќе заигра иза својот омилен клуб – Барселона.