Има слични симптоми како Ковид-19: Како да разликувате коронавирус од труење со јаглерод моноксид?

304

Како северната хемисфера влегува во зима, граѓаните се повеќе стравуваат затоа што веќе не се сигурни дали температура или кашлица значи грип или Ковид-19. Сепак, постои тивок убиец што предизвикува слични симптоми и кој може да демне во вашиот дом.

Јаглерод моноксидот е безбоен и безмирисен гас што се создава кога фосилните горива (јаглен, сурова нафта или природен гас) горат во печки, преносни грејачи, возила, печки, скари, камини.

Вдишување на овој гас во голема количина може да ве отруе. Препознатливи симптоми кои вклучуваат главоболка, гадење, вртоглавица, слабост, повраќање, болка во градите и конфузија, наведува американскиот Центар за контрола и превенција на болести, се слични на симптомите на грип или Ковид-19.

Поради вдишување на високи концентрации може да загубите свест или да ве убие, особено ако спиете, или ако спаѓате во група која е изложена на ризик од сериозни болести. Јаглерод моноксид може да ги отруе и вашите миленици.

„Глипот и Ковид-19 ги „заробуваат“ клетките главно во белите дробови, каде што се размножуваат и каде што најчесто се нанесува главната штета и од каде потекнуваат симптомите, рече д-р Џереми Браун, лекар во итна помош и автор на книгата Influenza: The Hundred-Year Hunt to Cure the Deadliest Disease in History, пишува CNN.

Јаглерод моноксидот, од друга страна, ги труе луѓето „закачувајќи“ се на хемоглобинот, протеин во црвените крвни зрнца што го пренесува кислородот од белите дробови во телото.

Блокираните системи за вентилација и вклучување на преносни генератори во затворени простории без соодветна вентилација може да доведат до насобирање на јаглерод моноксид.

Ако вие или некое од членовите на вашето семејство имате дури и благи симптоми и ако е можно труење со јаглерод моноксид, најдобро е да тргнете на безбедно место надвор од куќата и да одите на лекар.

Но, како да ги разликувате симптомите?

„Процесот на елиминација ќе им овозможи на лекарите да утврдат дали имате Ковид-19, грип или труење со јаглерод моноксид“, велиБраун.

„Еден од начините на којшто труењето со јаглерод моноксидо се разликува од Ковид-19 и грипот е ако излезете надвор и дишете свеж воздух, вашите симптоми полека ќе исчезнат во текот на следните неколку часа доколку изложеноста била минимална“, истакна Браун.

Вашиот лекар исто така може да направи крвен тест за да ги измери нивоата на јаглерод моноксид.