Има осет за бизнис – Лепа Брена со кренати долги нозе, некогаш и сега

742

Лепа Брена е денес една од најбогатите поранешни југословенски пејачки, а тоа на медиумите им дава за повод да се сетат на она некогашно дамнешно време кога таа како што самата изјави “одвај имаше некоја паричка за леб, паштета и јогурт“.

Но се чини дека “кревањето на нозете“ на сцената и зад сцената како придружна кореографија е добар “бизнис“ кој на пејачката и донесе цело едно богатство.Од секогаш таа имала одличен осет за бизнис, знаела како да заработи пари. А, подобро упатените велат дека финансиски тежи таман толку доволно поради што ќе ви се заврти во главата. Например, во 2019 година преку својата фирма за „Перење кровови и прозорци на деловни и станбени објекти“, заработила над 12 милиони евра. Ви се верува?

На своите вредни и скапи (секси) нозе деновиве не потсети самата пејачка и со една стара црно-бела фотографија на која широко насмеаната Лепа Брена со кренати нозе на сцената пред публиката го јава својот хармоникаш и денешен нејзин деловен партнер, многу познатиот Саша Поповиќ.

Тоа е она време кога Фахрета Живојиновиќ со групата “Слатки грех“ ја освои целата Југославија пеејќи ги хитовите:Ситније Циле, ситније, Дама из Лондона, Миле воли диско, Маче моје шта бих ја без твог, Чачак шумадијски рокенрол, Хајде да се волимо, Мики мој, а секако и таа судбоносната Дуге ноге за играње…..

Но, ете судбината сакаше Лепа Брена и сега после 40 години од големата естрадна кариера, повторно храбро да ги крене нозете. Ама разликата е очигледно видлива, од тоа тогаш и ова сега. Пејачката сега нозете кои и онака и се долги ги кренала сред јануари на далечните Малдиви. Сега има и повеќе од паштета со јогурт! Таму е на прескап летен јануарски одмор во кој ужива со сопругот, бившиот тенисер, богатиот Бобан Живојиновиќ.  Д.М. фото:Инстаграм