Соренто Терапеутикс од Калифорнија објавија дека откриле антитело кое целосно може да го блокира коронавируот. Научниците од компанијата ова го нарекуваат „лек“ и велат дека антителото може да се искористи да се направи лек што би бил готов за употреба со месеци пред да се направи вакцината, овјави телевизија Фокс.
Додека Соренто го чека одобрувањето на Американската комисија за лекови, месечно можат да се направат до 200 илјади дози од лекот.
Од компанијата со седиште во Сан Диего тводат дека антителото STI-1499 го сопрело продирањето на коронавирусот во здрави клетки во 100 отсто, при истражување направено во петриев сад во нивните лаоратории.
Ова е едно од неколкуте антитела за кои се планира да идат искомбинирани за да се направи коктел од лекови, а Соренто соработува со Медицинската школа Маунт Синај во Њујорк.
Во соопштението за јавност Соренто вели дека месечно може да произведе до 200 илјади дози од антителото – што би значело дека лекот би бил достапен месеци порано одошто се очекува појавувањето на вакцината против ковид-19.
Компанијата побарала итно одобрување од Американската агенција за лекови, но се уште нема добиено зелено светло.
-Сакаме да нагласиме дека лек постои, вели директорот на Соренто, д-р Хенри Џи за Фокс. – Тоа е решение кое е 100 отсто успешно. Ако имаме неутрализирачко антитело во нашето тело, не ни е потребна социјална дистанца. Општеството ќе мое без страв да се отвори.
Но, сепак ова е истражување во лабораторија иако е направено врз човечки клетки. Антителото се уште не е тестирано врз луѓе, па не е познато како би се однесувло во телото и кои би биле потенцијалните несакани ефекти.
Соопштението е објавено дента кога истекуваат насоките на администрацијата на Трамп за социјално дистанцирање кои имаат за цел да се забави ширењето на заразата, па многу од американските држави веќе се твораат и покрај предупредувањата дека олабавувањето на рестрикциите може да предизвика погубен втор бран на болеста.
Лекот на Соренто е едно од десетината антитела – имуни клетки кои ги неутрализираат патогените како коронавирус – што компанијата го откри и кое покажа некаков резултат кај коронавирусот.
Коктелот од антитела може да дејствува како заштитен штит за човечките клетки, превенирајќи ги вирусите како ковид-19, САРС-КоВ-2 да навлезат во нив.
Антителото го блокира вирусот на примарниот влез во телото, на рецепторот на површината од човечката клетка.
-Кога антителото спречува вирусот да навлезе во човечката клетка, вирусот не може да преживее, вели д-р Џи. – Ако не може да влезе во клетката, вирусот не може да се реплицира и на крајот ќе изумре, а телото ќе се исчисти од вирусот.
Повеќе компании и универзитети ширум светот го истражуваат влијанието на антителата за лекување на коронавирус.
Охрабрувачки е што антителото што го откри Соренто спаѓа во класата наречена „неутрализатри“ или сврзувачки антитела.
Тие целосно се поврзуваат со делот од вирусот и не му дозволуваат да продре во клетката.
Според д-р Дерек Лоу, органски хемичар кој пишува за Сајенс Транслешнл Медисин, ова истовреме и го блокира вирусот и претставува аларм за остатокот од имунолошкиот систем да одговори на заканата.
Тој додава дека неутрализирачките антитела, општо, имаат потенцијал да дејствуваат како „привремена вакцина“ која ќе ја спречи заразата од коронавирус кај луѓето кои веќе не биле во контакт со него.
Засега нема докажан лек против коронавирус. Претходно, на лекот „ремдесвир“ му беше издадено одобрение откако покажа слаби но ветувачки резултати насочени кон преживување на заболените пациенти.