Има конечна одлука за Пјаниќ

114

Актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, донесе конечна одлука кога е во прашање иднината на босанскиот интернационалец Миралем Пјаниќ. Иако има статус на стандарден првотимец, искусниот играч за врска сигурно ќе биде продаден на крајот од актуелната сезона.

Поранешниот фудбалер на Олимпик од Лион со месеци важи за најголема желба на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, а желбата ќе стане реалност само доколку официјалната понуда за обештетувањето на Пјаниќ не биде помала од 50 мил. евра.