Има клубови кои секогаш имаат пандемија

33

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, повторно го привлече вниманието на фудбалската јавност но сега со изјавата дека има многу сопственици кои своите фудбалери ги третираат како робови.

  • Има играчи кои не мора да бидат платени – тоа е точно и сите го знаеме тоа. Но, има и играчи кои не можат да играат без примања, па дури и еден месец. Затоа клубовите треба да ги платат тие фудбалери. Постојат некои клубови кои сега играат глупави игри и сакаат да го искористат овој момент за да ги избегнат плаќањата. Тие со години ги третирале играчите како „робови“. Се чини дека има некои клубови кои секогаш имаат пандемија. Не треба овој период да им биде изговор, бидејќи некои фудбалери немаат што да јадат, истакна Марадона.