Има две „дупки“ на снимките вечерта кога исчезнал Матеј: Таткото на момчето откри што е најважно во истрагата!

666

Таткото на младиот Мареј Периш кој исчезна во Белград, ноќта меѓу 30 и 31 декември минатата година, откри кои му се најважните информации од истрагата досега!

Во разговор за српски медиум, Ненад Периш, детално објаснил што најмногу му пречи во истрагата, а изразил надеж дека повторно ќе го прегрне синот, но и низ солзи порачал дека ќе издржи до крај.

„Се трудам да бидам рационален, успевам во текот на денот, потоа ќе ве стасаат емоциите. Болка“, со овие зборови ја започна приказната Ненад Периш за сараевската телевизија „Face“.

Запрашан како се бори со толку многу информации, од кои многу се неточни, тој вели:

„Веројатно некако создадов одбранбен механизам. Зборувам со МВР на Србија, апсолутно им верувам. Има многу искрени новинари, професионалци и искрено им благодарам за се. Тие разбираат како му е на човек што го бара неговото дете. Како и во се луѓето не се промислени, па има и многу дезинформации. Нема никаква корист. Верувајте никого не обвинувам. Јас го имам мојот проблем и се соочувам со него. Секој си има своја чест“, вели таткото на исчезнатиот млад човек.

Ненад Периш вели дека верува во работата и во посветеност на српската полиција, а тој откри и што е тоа што најмногу го збунува околу исчезнувањето на неговиот син.

„Две дупки се многу важни. Тоа пред сѐ е излегувањето од барот, кое не е снимено и кое ќе остане во магла, затоа што не знам дали тука нешто се случило, но не верувам дека било така. Втората работа, можеби уште поважна, е спуштањето на Матеј во просторот кој наликува на тераса покрај реката Сава, што е ограден простор со должина од 15-ина метри и ширина од десет. Тука исто така немаме снимка за да видиме дали таму имало уште некој и дали Матеј ја преминал таа ограда, затоа што тука е косо и можно е да се лизнете и да паднете. Го прашав инспекторот дали е можно тука да се излезе, а камерите тоа да не го забележат, затоа што тука има камери и добив одговор: Да. Тоа се за мене две многу важни работи, а третата е сигналот од телефонот на Матеј, кој е лоциран во близина на Воениот Остров. Знам дека полицијата побара од производителот од Кореја да им ги достави сите податоци. Од излегувањето на Матеј од барот, до тој сигнал, поминале околу три часа, а тој мобилен може да даде сигнал само ако е надвор од водата, затоа ова ми е многу важен податок“, вели таткото на исчезнатото момче.

 

Таткото на изгубениот Матеј Периш ја разјасни мистеријата со активноста на телефонот