Според многумина, Роналдињо е најдобриот фудбалер што се појавил на зелениот терен. Тој важеше за виртуоз кога е во прашање фудбалската игра, но и за еден од најконтроверзните фудбалери, како и за голем заводник кај дамите.

Во текот на кариерата, тој помина многу време во ноќните клубови и многумина веруваат дека забавата го спречила на патот кон титулата најдобар фудбалер на сите времиња, ако воопшто може да се дискутира.

Роналдињо беше толку добар играч што лесно ги уништуваше противничките одбрани и кога беше мамурен. Тој често доаѓаше пијан на тренинг, но освен него, нема друг човек што ги излудувал апсолутно сите кога ја имал топката во своите нозе. Сè уште се раскажуваат приказни за неговите забави. Соиграчот од Керетаро, Патрисио Рубио, се сеќава на неверојатните сцени кога играше Бразилецот во мексиканската лига.

Рубио не можел да поверува што се случува. Непоканетите гости не можеле да влезат на забавата, а Рубио ја имал таа среќа да присуствува и да го открие шармот на ноќниот живот на познатиот бразилски фудбалер.

  • Беше лудо! Не знаеш што се случуваше во неговата куќа. Штом ќе влезевте во дворот, веднаш ве пречекуваа келнери со пијалаци на црвен килим. Сè беше бесплатно, забавата беше загарантирана, имаше многу жени, а вие ја избиравте онаа што ја сакавте. Беше добро време – се присети Рубио.

Според него, бразилските фудбалери се нешто особено и поради тоа живеат на поинаков начин од сите останати.

  • Фудбалот е нешто особено за нив. Тие имаат свој начин на живот, сосема поинаков од другите. Никој не му приговараше на Роналдињо. Што може да му каже некој?! – прашува Рубио.

Роналдињо организирал забави во својот дом секогаш кога имал можност за тоа. Тие траеле со денови и ноќи, а тој некако успевал да го скрие сето тоа од новинарите. Видеата од овие забави сигурно би биле вистински хит, но никој од гостите не смеел да внесе мобилен телефон внатре, и затоа нема докази.