Имаше две наметки, а една чини…

152
epa10373190 Lionel Messi of Argentina (C) receives a coat from Tamim bin Hamad Al Thani (L), the Emir of Qatar, as FIFA President Gianni Infantino (R) looks on after the FIFA World Cup 2022 Final between Argentina and France at Lusail stadium, Lusail, Qatar, 18 December 2022. EPA-EFE/Tolga Bozoglu

Фудбалските фанови останаа без зборови во моментот кога Лионел Меси го покрија со црна наметка и тоа за време на свечената церемонија на која беше доделен победничкиот трофеј за најдобриот на Светското првенство во Катар.

Меси, како капитен на Аргентина, го подигна драгоцениот трофеј, но тоа го направи откако домаќинот на турнирот му стави црна наметка.

Таквата сцена привлече големо внимание, а фудбалските фанови се прашуваа за што станува збор затоа што не знаеа дека се работи за традиционална арапска нематка која се носи поради престиж во посебни ситуации како што се муслиманските празници, фестивалите и свадбите.

Таа ситуација доби уште повеќе на значење затоа што Меси беше облечен од катарскиот емир, Тамим бин Хамад Ал Тани.

Има такви кои сметаат дека таквиот потег бил непотребен затоа што е необичен и непопуларен, но на крајот се испостави дека таа наметка дополнително влијаеше на незаборавната ноќ за Меси.

Човекот кој ја направи таа наметка за финалниот дуел во Катар, Мохамад Абдулах Ал-Салем, откри дека истата чини повеќе од 2000 евра. За финалниот дуел биле направени две наметки, едната за Лионел Меси, а другата за капитенот на Франција, Хуго Лорис.

  • На почетокот, кога беа нарачани наметките, јас не знаев дека се за победникот на СП 2022. Ние се изненадивме кога видовме дека на крајот од финалето Меси ја носи наметката која беше направена во нашата продавница. Бев горд кога видов дека нашата продавница е прва опција во изборот за оваа традиционална носија, изјави Мохамад Абдулах Ал-Салем.

Специјалната наметка, која во Катар е позната како бишт, е израмотена од посебна јапонска свила.

  • Главниот услов беше наметката да биде прозирна. Подоцна сфативме, но тоа беше и логично, дека главната причина е дресот на победничкиот тим да биде видлив низ наметката, додаде Мохамад Абдулах Ал-Салем.