Играше за Реал Мадрид, Баерн Минхен, Баер Леверкузен, Хамбург, ги носеше дресовите на бразилските великани Фламенго, Сантош, Гремио, а во јули ќе наполни 48 години! Тоа е Зе Роберто.

Поранешниот бразилски фудбалер се пензионираше на 43 години, а покрај тоа што не е на теренот внимава на своето тело и често е во теретана. Поради сето ова тој тврди дека е поподготвен од Кристијано Роналдо.

Фудбалерот кој 84 пати настапуваше за бразилската репрезентација откри дека тајната на неговиот успех е едноставна. Правилна исхрана, добар сон и многу тренинзи.

Имав голема поддршка од моето семејство и тоа е важен фактор. Затоа толку долго играв на високо ниво. Поради сето тоа можам да кажам дека сум физички поподготвен од Кристијан. Играв до 43 – години, ако тој го направи истото, тогаш ќе кажам дека е подобар, пука од самодоверба Зе Роберто.

Роналдо летово се врати во Манчестер Јунајтед, но таму работите не функционираат како што се надеваа, па се почесто се зборува за негово заминување од „Олд Трафорд“. Што се однесува до Бразилецот, тој ја освои тројната круна со Реал во единствената сезона во Мадрид (1997/98). Тие беа шампиони на Шпанија, шпанскиот Суперкуп и ја освоија Лигата на шампионите.

Во Баерн постигна многу повеќе успеси, четири пати ја освоија Бундеслигата, а исто толку пати беа најдобри во Купот. Двапати ја освои Копа Америка со националниот тим, како и Купот на конфедерации на ФИФА.