Имав милиони, а сакав да се убијам

151

Пол Мерсон важи за легендарен фудбалер на лондонскиот премиерлигаш Арсенал. Дресот на популарните „топчии“ го носеше од 1985 до 1997 година, а имаше и епизодна улога во редовите на Брентфорд, Миделзбро, Астон Вила, Портсмаут и Валсал.

Денеска има 53-години и признава дека во младоста премногу пиел алкохол и искоцкал многу пари. Во последното интервју кое го даде за „BBC“, Мерсон зборуваше за проблемите кои ги имал со дрогата, алкохолот и коцката. Поради тие проблеми тој останал без скршен денар.

  • Кога ќе погледнам зад мене, парите не се тие поради кои сега ми е криво. Бев милионер, но сакав да се убијам. Многу ми е жал за загубеното време. Бев зависен од алкохол и од кокаин, но најмногу ме уништи коцката, а со неа и ден денеска се борам, откри Мерсон.

Поранешниот фудбалер на Арсенал на коцка има загубено околу 8 мил. евра, а денеска неговата сопруга е задолжена за финансиите.

  • Коцката е секогаш тука. Таа те чека константно и секогаш разговара со тебе. Најстаршно од се е тоа што знаеш каков ќе биде конечниот резултат кога е во прашање коцката, но не си во состојба да го промениш тоа, додаде Мерсон.

Освен милионската парична сума, Мерсон прокоцка неколку куќи автомобили, а денеска работи како фудбалски аналитичар.