Илјадници Суданци низ улиците на Картум протестираат против воената управа

42

Некоку илјади Суданци денеска излегоа низ улиците на Картум на протести со барања за враќање на армијата во касарните, која е на власт во земјата од минатогодишниот воениот преврат.

Учесниците на демонстрациите носеа транспаренти со повици „војниците во касарните, „безбедност“ и „бесплатно здравство и образование“.

Приврзаниците на цивилната власт во Судан демонстрираат секоја седмица од воениот преврат во октомври.

Армијата на Судан пред пред повеќе од две години го смена од власт долгогодишниот автократски претседател Омар Ал-Башир, формирајќи воено-цивилна власт предводена од премиерот Абдалах Хамдок. На 25 октомври минатата година армијата предводена од генералот Абдел Хатах ал Бухран изврши уште еден пуч, преземајќи ја целосно власта во земјата.

Судан е една од најсиромашните држави во светот што и натаму тоне во политички и економски хаос. Инфлацијата во земјата изнесува 200 проценти месечно, валутата е во вртоглав пад, а цената на лебот од пучот досега се покачи за десет пати.

Според податоци на ОН, секој трет Суданец има потреба од хуманитарна помош.