Илјадници луѓе во Прага побараа оставка од чешката Влада

42

Илјадници демонстранти повторно се собраа денеска во главниот град на Чешка за да побараат оставка од Владата поради неуспехот да се справи со енергетската криза и помошта што и е дадена на Украина.

Иако денот е празник, протестот, кој ги обедини екстремно десничарските и левичарските групи, беше помал од 70.000 луѓе кои се собраа на 3 септември на централниот плоштад во Прага со исти барања. Веејќи национални знамиња, демонстрантите денеска извикуваа „Оставка, оставка!“ и „Прво Чешка“ во стилот на слоганот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Тие ја критикуваат прозападната коалициска влада на конзервативниот премиер Петр Фиала за поддршка на санкциите против Русија и за недоволна помош за домаќинствата и бизнисите поради високите цени на енергијата. Некои се против членството на Чешка во ЕУ и НАТО, па дури и во ОН и Светската здравствена организација.

Помали протести се одржаа и во неколку други големи градови во Чешка.