Илон Маск за тоа зошто треба да го освоиме Марс: „Третата светска војна е поверојатна“/ВИДЕО

206

Илон Маск ги изненади фановите со гостувањето во подкастот „Full Send“, каде зборуваше за вонземјани, пушење трева со Џо Роган, предизвикување на Владимир Путин на ММА борба и колонизација на Марс.

За време на тричасовниот разговор со Нелк Бојс, технолошкиот магнат рече дека верува оти би било корисно да се има друга планета за да се осигура дека цивилизацијата никогаш нема да биде уништена.

Извршниот директор на Tesla и Spice X рече дека во тој случај луѓето ќе имаат каде да побегнат доколку се случи природна катастрофа или „поверојатната“ Трета светска војна.

Зборувајќи за колонизацијата на Марс, Маск објасни: „Мислам дека има две причини. Едната е еден вид одбранбена – ако нешто лошо се случи на Земјата, како метеор, нешто што ги уби диносаурусите или супер вулкан“.

Тој потоа изнесе друга теорија, според која „човештвото се самоубива“ во форма на Трета светска војна.

„Тоа може да биде Трета светска војна, би можеле да се убиваме со нуклеарно оружје или нешто слично. Третата светска војна е поверојатна овие денови“, рече Маск.

Потоа заклучил дека би било добро да има друга планета, за да не биде збришана цивилизацијата.

Подоцна, изразувајќи ги своите ставови за „митот за пренаселеноста“, тој рече дека повеќе би сакал цивилизацијата да згасне „со тресок отколку да плаче во пелени за возрасни… тресокот би бил трета светска војна“.