Или јас или Меси!

3290
epa10192618 Paris Saint Germain's Leo Messi in action during the French Ligue 1 soccer match between Olympique Lyonnais and Paris Saint-Germain (PSG) in Decines, near Lyon, France, 18 September 2022. EPA-EFE/Mohammed Badra

Килијан Мбапе е етикетиран како размазен фудбалер. Иако, изминатите денови доминираа болните емоции поради поразот во финалниот натпревар на Светското првенство во Катар, напаѓачот многу побрзо од очекуваното се врати на своите стари и добро познати навики.

Мбапе зад себе има одличен Мундијал кој за жал го заврши со горчлив вкус во устата. Напаѓачот на ПСЖ постигна хет-трик во финалниот натпревар, но пенал-рулетот се покажа како среќен за репрезентативците на Аргентина кои трет пат ја освоија светската титула.

Со осум погодоци Мбапе беше прв стрелец на СП 2022, а само 48 часа подоцна 23-годишниот напаѓач се појави во тренинг центарот на ПСЖ и ги започна подготовките за пролетниот дел од актуелната сезона.

Сол на големата рана додаде голманот на Аргентина, Емилијано Мартинез, кој со денови го провоцира репрезентативецот на Франција. За време на шампионската прослава во Буенос Аирес, голманот на Астон Вила во раката држеше детска кукла со маската на Мбапе, а до него стоеше Лионел Меси кој во ниту еден момент не го искара репрезентативниот колега поради недоличното однесување.

Мбапе бил многу разочаран од таквото однесување на тимскиот колега, а француските медиуми открија дека во еден момент, напаѓачот им поставил ултиматум на раководните лица на ПСЖ: „или јас или Меси“.

Сепак, раководните лица не реагирале на таквиот ултиматум на Меси, туку напротив, тие веќе договориле продолжување на соработката со Лионел Меси за уште една сезона.

Француските медиуми немаат дилема дека таквата ситуација може да влијае врз осетливото его на Мбапе кој може повторно да ја активира приказната дека сака да си замине од „Паркот на принцовите“, но сега поради Меси, а не како пред неколку месеци кога сакаше да си замине поради Неимар.