Или уредбите ќе добијат собраниски печат или Пендаровски импичмент?

Собранието треба да ги потврди одлуките на седница кога ќе биде во можност да се состане. Македонското Собрание е конституирано веќе два месеца, но одлуките за вонредна состојба никако да се најдат на дневен ред, иако од Вила Водно се испратени одамна. Неизвесно е како ќе се соберат потребните 80 пратеници за потврдување на одлуките, доколку опозициската ВМРО-ДПМНЕ одлучи да не даде поддршка за одлуките да поминат. Ова најверојатно е и главната причина зошто одлуките не се ставени на дневен ред на седница, и покрај тоа што неофицијално партиски избори брифираат одлуките пред пратениците ќе се најдат на 29 овој месец, односно на седница следната недела

161

На претседателот Стево Пендаровски му се заканува можност за импичмент, доколку Собранието наскоро не ги потврди петте одлуки кои за вонредна состојба. Во членот 125, став 4, од Уставот е наведено дека доколку Собранието  не може да се состане, одлуката за вонредна состојба ја носи претседателот, кој подоцна треба да ја испрати на потврдување до Собранието. Собранието, треба да ги потврди одлуките на седница кога ќе биде во можност да се состане. Македонското Собрание е конституирано веќе два месеца, но одлуките за вонредна состојба никако да се најдат на дневен ред, иако од Вила Водно се испратени одамна.  Неизвесно е како ќе се соберат потребните 80 пратеници за потврдување на одлуките, доколку опозициската ВМРО-ДПМНЕ одлучи да не даде поддршка за одлуките да поминат. Ова најверојатно е и главната причина зошто одлуките не се ставени на дневен ред на седница, и покрај тоа што неофицијално партиски извори брифираат одлуките пред пратениците ќе се најдат на 29 овој месец, односно на седница следната недела.

Иако не е предвиден рок за потврдување на одлуките за вонредна состојба, од шефот на државата Стево Пендаровски  може да се побара одговорност за нивното евентуално непотврдување.

-Евентуалното непотврдување на одлуките на претседателот на Републиката за прогласување вонредна состојба од страна на Собранието  со 2/3 мнозинство гласови на пратениците ја отвора можноста за покренување постапка на импичмент, односно одговорност на претседателот на Републиката поради кршење на Уставот.

Од кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери за весникот ВЕЧЕР велат дека засега нема официјална потврда на која седница ќе се најдат одлуките и оти ќе информираат кога претседателот ќе свика седница.

Од пратеничката група на СДСМ велат дека тие ќе гласаат за потврда на одлуките на Пендаровски. Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ засега не коментираат дали ќе гласаат за одлуките, бидејќи не биле консултирани за последните две одлуки за прогласување вонредна состојба.

Претседателот Стево Пендаровски поради епидемијата од коронавирусот донесе пет одлуки со кои прогласи вонредна состојба во периодот од 18 март до средината на јуни. (Ј. Ц. Г.)