Илир Куртиши нов директор во Галеријата за визуелни уметности во Тетово

146

Националната установа Галеријата за визуелни уметности во Тетово од денеска ќе ја раководи Илир Куртиши кој е поставен на функцијата со четиригодишен мандат.

-Куртиши е стручно лице со соодветено искуство. Работел во Дирекцијата за заштита на културното наследство во Скопје. Учествувал во бројни археолошки проекти во Северна Македонија. Дел од биографијата му е работа во Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор и Секретаријатот за европски прашања во Скопје, соопштија од Галеријата.

Илир Куртиши е роден 1977 година во тетовско Камењане. Дипломирал историја на уметност и археологија при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” – Скопје.