Амбасадорот на Франција во Македонија, Сирил Бомгартнер, во името на Претседателот на Француската Република, ја одликува поранешната министерка за внатрешни работи Илинка Митрева со орденот „Витез на Легијата не Честа“.

Амбасадорот Бомгартнер на одликувањето истакна дека Митрева откако два пати беше одликувана со одрени во 1998 и 2016 година, ова е трет пат како неговата земја одлучува да ја одликува со највисокиот француски орден.

– Овие повторени растечки почести се признание за вашата силна посветеност за Северна Македонија, за Франкофонијата и за Европа. Тие се исто така и белег на верно и постојано пријателство помеѓу вас и нас. Оваа приказна помеѓу Франција и вас е пред се и културна и јазична приказна. Кога странец зборува навистина добро француски, ние велиме дека тој го зборува како тебе и мене. Но, кога тој го разбира дури и подобро од тоа, тогаш не знаеме што да кажеме или поточно сме во искушение да не кажеме ништо“ – рече амбасадорот Бомгартнер.

Митрева истакна дека последното одликување „Витез на Легијата на Честа“ само ја зацврстува нејзината благодарност, благодарност на еден решителен борец за „francite” .

„Како што споменав во едно претходно обраќање француската книжевност е мој занает и моја страст.  Работа на професорот е да истражува и зборува. Ја имав таа огромна привилегија гласно да ја сонувам мојата потрага и да ја споделувам со генерации и студенти. Гледав како францускиот јазик станува посакувана цел. Можеби овој свечен момент ќе ми допушти да упатам значајна порака. Треба да направиме се што е во наша моќ да го стимулираме интересот за францускиот јазик. Франција која се разбира во методологии, би можела да ни помогне да изработиме една поагресивна поефикасна методологија во проучувањето на овој убав јазик и култура,“ – порача Илинка Митрева.

Што се однесува на политиката, потенцира Митрева, долго време ја впишував мојата дипломатска мисија во продлабочувањето на пријателството и на политичките врски со Франција. 

„Главната цел на моите активности беше да се обезбеди европска иднина за мојата земја. На тој пат секогаш ја имавме поддршката од нашите француски пријатели. Во овие тешки времиња за нашиот од кон ЕУ, кога Република Македонија се соочува со апсурдни пречки, ја искажувам надежта дека Франција ќе продолжи да биде гарант на големиот европски проект“