Илиевски: Димитриевски во 2017-та изгради два километри улици со 1 милион евра, во 2021 изгради 16 километри со исти пари

32

Оливер Илиевски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Куманово вели дека неговиот противкандидат Максим Димитриевски и неговиот тим во изборниот период асфталтираат улици низ градот и велат дека се тоа е од донации, а, како што нагласува, всушност „тоа се компании кои трчаат по гласови за него“.

-Тие градежни компании кои ги извршуваат активностите тие трчаат по гласови за Димитриевски. Димитриевски за еден милион евра изгради 2 километри улици, за истите тие пари – еден милион евра во 2018 изгради 3 километри улици, во 2019 изгради четири километри, а во 2021 со еден милион евра изгради 16 километри, рече Илиевски во дебата на ТВ 21.

Тој потенцирашде дека Димитриевски го задолжил јавното претпријатие Водовод  еден милион евра, бидејќи претходно долгот бил 7,3 милиони евра, а сега 8,3 милиони евра.