Икарди недостапен за Јувентус

40

Претседателот на Интер, Стивен Жанг, се обиде да стави крај на сите дилеми кога е во прашање клупската иднина на аргентинскиот интернационалец, Мауро Икарди.

  • Во фудбалот никогаш не може да се каже никогаш во однос на Јувентус, но во овој случај нема шанси Икарди да се пресели во Торино. Ние преговараме за продолжување на договорот, но нашата филозофија е дека тимот е секогаш поважен од индивидуалните луѓе, изјави Жанг.

Кога е во прашање актуелната сезона, 25-годишниот Икарди играше на 28 натпревари на кои постигна 15 погодоци. Вкупно за Интер има 210 настапи и 122 гола.