Икарди за Лукаку

295

Најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, ја одби најновата понуда на италијанскиот калчо гигант Интер, која беше наменета за белгискиот интернационалец, Ромелу Лукаку.

Раководните лица на „нероазурите“ не кријат дека се сериозно заинтересирани за услугите на искусниот напаѓач, а пред неколку дена испратија официјална понуда за размена со аргентинскиот интернационалец Мауро Икарди. Челниците на „црвените ѓаволи“ експресно одговорија дека не се заинтересирани за услугите на поранешниот капитен на Интер.