Икарди го облекува „азурниот“ дрес

103

Големиот ривал од италијанската Серија А, тимот на Наполи, е на добар пат да излези како победник во трката по потписот на аргентинскиот интернационалец од редовите на Интер, Мауро Икарди.

Поранешниот капитен на „нероазурите“ веќе е информиран дека неговите услуги не му се потребни на новиот тренер Антонио Конте и е информиран дека може да си замине од Милано за време на летниот преоден рок. Наполи е подготвен да одвои 70 мил. евра за неговото обесштетување и може да му понуди годишна плата од 8 мил. евра.