И денеска протест „Србија против насилството“ во Белград, демонстрантите направија обрач околу РТС

1182
Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Продолжуваат протестите во Белград под мотото „Србија против насилство“. Снимките од дрон покажувааат дека и попладнево на белградските улици излегле илјадници граѓани. Демонстрантите се собраа пред Народното собрание од каде што се упатија пеш кон зградата на РТС, околу која направија обрач.

Ранка Кашиковиќ повторно им се обрати на насобраните во паркот Ташмајдан и ги повика да дојдат следниот петок.

Насобраните извикуваа „оставка“.

Народната пратеничка Мариника Тепиќ им се заблагодари на граѓаните што се избориле извештајот од протестот првпат да биде на РТС.

„Ви благодариме уште еднаш што смирено и достоинствено истрајавте во вашите барања, бидејќи ова е нивна победа. Ги поканивме да се соберат повторно следниот петок во 19 часот, бидејќи гледате дека барањата се исполнуваат едно по едно, важно е дека остануваме истрајни во оваа мирна и достоинствена борба“, изјави таа за N1.

Актерот Ненад Маричиќ на ова место претходно ја прочита песната на Дис „Наши дани“.

„РТС е јавен сервис за кој плаќаат сите граѓани. И затоа бараме само да се однесуваат одговорно и да го почитуваат законот на оваа земја. Ние само бараме од РТС да си ја заврши работата. Ако известуваат толку внимателно за митингот на СНС или за протести во Франција, што да прават?“ ги спречува да известуваат и за протестите „Србија против насилството?“, беше објавено од бината, пренесува Н1.