Изречени 166 казни за брзо возење

19

Во текот на вчерашниот ден  Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 166 возачи. Од нив, 32 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 96 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 70 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопштуваат од МВР.