Изречени 139 казни за сообраќајни прекршоци во Скопје

32

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје биле изречени вкупно 139 мерки. Меѓу нив, за возење повеќе од дозволената брзина 36 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 22 санкции за возење под дејство на алкохол.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи биле              изречени три мерки за користење мобилен телефон при возење, четири за возач почетник, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…

Оттаму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.