Израел размислува за повторно воведување рестриктивни мерки

34

Израел повторно би можел да воведе некои рестриктивни мерки откако дојде до пораст на бројот на заразени со коронавирусот, особено во училиштата, откако Владата почна да ги олеснува мерките, соопшти израелското Министерство за здравство.

Бројот на позитивни на коронавирусот вчера се зголемил за 101, додека минатата сабота биле регистрирани само четири новозаразени.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ќе се сретне со министрите и здравствените власти за да донесат одлука дали повторно да ги затворат училиштата.

Генералниот директор во Министерството за здравство Моше Бар-Симан-Тов изјави дека некои луѓе не биле доволно внимателни во врска со физичкото растојание, хигиената и носењето заштитни маски.

Тој додаде дека бројот на тестови на дневно ниво не се променил, но оти дошло до зголемување на бројот на заразени, од 0,5 на 1,5 отсто.

Извор:МИА