Израел напаѓа цели на Хамас

23

Израелски борбени авиони и беспилотни летала денеска магацин за оружје и воени позиции на радикалното палестинско движење Хамас во Појасот Газа како одговор на ракетниот напад на израелска територија претходно денеска. Ова го соопшти прес-службата на армијата.

„Во текот на ноќта терористичката организација Хамас истрела проектил од Појасот Газа против цивили во јужен Израел. Проектилот беше пресретнат од системот за противвоздушна одбрана. Пред извесно време, како одговор на ракетниот напад, израелски воени ловци и авиони нападнаа голем број цели на терористите на Хамас во Појасот Газа“, се вели во соопштението. Цел на воздушните напади беа „магацин за оружје лоциран на местото на воен камп на Хамас во палестинската енклава“, како и „три други воени пунктови на Хамас во Појасот Газа“, соопшти прес-службата.