Во Израел стапија во сила нови регулативи против коронавирусот стапија откако Владата ги засили напорите за ограничување на ширењето на Делта мутацијата, јавија израелски медиуми.

Според новите ограничувања, на јавни места и компании е забрането да се влегува без маски и да се опслужуваат луѓе кои не носат маски.

Секој што ќе влезе во објект без соодветно докажување имунитет може да биде казнет со 1.000 шекели (303 долари), а местата за јавни собири и средби се соочуваат со многу поголеми казни. Ограничувањата на настаните во кои се вклучени повеќе од 100 лица во затворен простор, како што се сали за банкет, клубови и конференциски сали, исто така бараат од учесниците да покажат документ дека се вакцинирани или негативен тест. Овие барања за „зелени сертификати“ се однесуваат на сите настани што се случуваат во затворен простор, дури и ако тие се одржуваат делумно и на отворено или ако просторот има и отворен дел.

Според последните податоци на израелското Министерство за здравство, вчера во рок од 24 часа се регистрирани 1.400 новозаразени со Ковид-19, што е благ пораст од 1.380 заразени во понеделникот. До денеска има уште двајца пациенти со Ковид-19 во сериозна состојба, што го зголемува бројот на сериозно болни на 63 луѓе