Израелската армија тврди дека пресретнала дрон од Либан

32

Израелската армија денеска соопшти дека пресретнала уште еден дрон од Либан, што преминал во нејзиниот воздушен простор.

– Дронот најверојатно припаѓа на терористичката организација Хезболах, соопшти армијата, според која, дронот најверојатно го поседувала шиитската милиција тесно поврзана со главниот непријател на Израел, Иран.

Израелските сили соборија три беспилотни летала од Либан над Средоземното Море на почетокот на јули. Беспилотните летала на Хезболах наводно биле насочени кон израелските гасни платформи.

Соседните земји официјално се уште се во војна. Тензиите меѓу израелската армија и либанскиот Хезболах често се големи долж границата.