Изненадна посета на Путин во Мариупол: Рускиот претседател се прошета со автомобил низ градот/ВИДЕО

280

Рускиот претседател, Владимир Путин, ноќеска изненадно го посети Мариупол.

Неговата посетата на украинскиот град кој првично беше уништен, а потоа освоен од Русите, доаѓа два дена откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење и по неговата посета на Крим за одбележување на деветгодишнината од руската анексија на полуостровот.

Путин во Мариупол слетал со хеликоптер, а руската агенција РИА новости објави видео на кое, како што тврди, го прикажува рускиот претседател како се вози со автомобил низ градот.