На денешен ден во 1833 година, во Стокхолм е роден Алфред Нобел, шведски хемичар, пронаоѓач и индустријалец.

Во 1867 година го пронашол динамитот, а во 1886 година балиститот, еден од првите барути без чад.

Патентирал повеќе од 300 пронајдоци.

Од производството на динамитот се збогатил, па со тестамент оставил фонд од 9,2 милиони долари за доделување на Нобеловата награда за вонредни достигнувања на подрачјето на физиката, хемијата, медицината, литературата, за залагањето за мир и за економија.

Некои велат дека имал грижа на совест што неговиот изум, динамитот, наместо за економски цели повеќе се користел како средство за уништување.

Умрел во Сан Ремо, во Италија, на 10 декември 1896 година.