Изминатата недела од корона вирус починале 26 вакцинирани со две дози

79

Дваесет и шест пациенти кои биле целосно вакцинирани ја загубиле битката со коронавирусот во изминатата недела. Од нив, двајца биле вакцинирани со вакцината на „Фајзер“, тројца со „Астра Зенека“, четворица со „Синовак“, а 17 со „Синофарм“, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Во извештајот се наведува дека сите починати имале хронични заболувања, како малигнитет, кардиолошки заболувања, белодробни заболувања, проблеми со тироидата или дијабетес.

Во период од 8 до 14 октомври починале 105 пациенти со Ковид-19, од кои над 75 отсто биле невакцинирани. Само еден од починатите пациенти немал хронично заболување и имал 80 години.

Министерството за здравство соопшти дека неделно ќе информира за починати лица со Ковид-19 кои биле комплетно вакцинирани, какви хронични заболувања имале починатите и колку од починатите со каков тип вакцина биле вакцинирани.