Измените на Законот за минимална плата на седница на Законодавно-правната комисија

19

Во Собранието денеска седница треба да одржи Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, по скратена постапка.

Овој предлог веќе доби виза од матичната Комисија за труд и социјална политика, а откако ќе го усвои и Законодавно-правната комисија, ќе оди на донесување на пленарна собраниска седница.