Изменет сообраќаен режим утре во Скопје

109

Во Скопје утре ќе се одржи меѓувладина седница помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово. Од тие причини, информираат од МВР, Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје.

Секторот за внатрешни работи  Скопје апелира  до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници со цел непречено одвивање на сообраќајот.