ИЗЛОЖБА: „Четири перформанси, една идеја“ од Мифтар Мемети

90

Во галеријата „Чифте-амам“ утревечер (26 август), со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложбата на уметникот Мифтар Мемети, насловена „Четири перформанси, една идеја“.

Станува збор за проект инспириран од албанската историја и култура, а публиката ќе има можност да види вкупно 350 слики во мал формат работени во маслена техника. Тие се меѓусебно поврзани и комбинирани во посебни целини, на комплексни мозаични слики, формирајќи четири поединечни дела во голем формат.

Најновиот проект на Мемети опфаќа четири тематски целини на кои авторот работел подолго време и им ги посветил последните десет години од неговото творештво.