Изложба: „Тектонски пореметувања” на Арсовски во Ќустендил

114

Академскиот ликовен уметник Зоран Арсовски-Бабата со изложба насловена „Тектонски пореметувања” до 20 февруари ќе се претстави во Општинскиот театар во Ќустендил, Бугарија. Изложбата претставува 64 слики од авторот, кој со неа претходно се претстави и во Софија.

Зоран Арсовски-Бабата (1980, Куманово) дипломирал и магистрирал сликарство на Ликовната академија во Софија и членува во Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Имал десетина самостојни и учествувал во групни изложби и меѓународни ликовни колонии. Работи во Центарот за култура „Трајко Прокопиев” во Куманово како стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн. Изработува и фрескоживописи, икони, сценографии и дизајн.