Изложба на “Уметничка меѓународна група со пријателите“

91

Во Домот на култура „Илинден“ денеска ќе биде отворена изложба на слики во рамките на проектот „Уметничка меѓународна група со пријателите“.

На изложбата што ќе ја отвори сликарката од Русија, Олга Панкина, ќе бидат застапени 15 уметници од повеќе земји од Европа и светот.

Уметниците од Велика Британија, Русија, Бугарија, Кореја, Романија, како и од нашата земја, ќе се претстават пред посетителите со околу 40-на дела.