Во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци е поставена самостојна изложба на ликовниот уметник Горан Јованов од Скопје.

Јованов 2006 година дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, насока реставрација и конзервација и графички дизајн. Магистрира на истиот факултет во 2009 отсек графика во класата на Димитар Миладинов.

Тој е член на ДЛУМ од 2006 година. Изложбата во Кавадарци е подржана од Локалната самоуправа и Министерството за култура, а се спроведува со целосно почитување на мерките и протоколите во услови на пандемија.